
Во мајскиот број на магазинот Out, Бијонсе ќе се појави стилски дотерана во стилот на Мерлин Монро – со руса коса, мачкести очи и бисери околу вратот. Бијонсе ќе ја краси мајската насловна страница на најпопуларниот магазин за LGBT популацијата.
– Постојат двојни стандарди кога станува збор за сексуалноста кои сѐ уште постојат. Мажите се слободни, а жените не се. Тоа е лудо. Старите лекции за потчинетост и кревкост нѐ направија жртви. Жените се многу повеќе од тоа. Можеш да бидеш бизнисменка, мајка, артистка и феминистка – што и да посакаш да бидеш – а сепак да бидеш сексуална. Тие заемно не се исклучуваат, вели таа.



