Поранешниот американски државен секретар и амбасадор во Југославија Лоренс Игелбергер почина во саботата од пневмонија на 80-годишна возраст.
Иглбергер мина над 40 години во служба на државата и важеше за дипломат со изворедна способност за решавање на кризни ситуации.
Беше и добар познавач на ситуацијата на Балканот, со искуство од прва рака од регионот, како амбасадор на САД во Југославија, во времето кога почина претседателот Јосип Броз Тито. Како службеник за економски прашања во истата амбасада во 1960 година, го доби прекарот „Лоренс од Македонија“ за неуморните залагања да обезбеди американска помош за погодените од земјотресот во Скопје во 1963-та.
Белата куќа по повод смртта на Иглебергер издаде соопштение во кое го нарекува истакнат дипломат во служба на јавноста во клучните денови на Студената војна и падот на Берлинскиот ѕид.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека тој беше непоколеблив поборник за американските вредности. Минатиот месец, Иглбергер учествуваше на настан во Стејт департментот заедно со Клинтон и поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт.
Извор: Нетпрес