- Интересни спомени од детството?
-Ретко се прибиравме дома:-) како и сите други деца, сакавме што повеќе време да поминуваме играјќи фудбал, што значи како убави спомени би ги идвоиле дружбата и другарите.
2. Каде го завршивте основното образование?
-Оу.Лазо Ангеловски во Ново Лисиче
3. Се сеќавате на вашата прва љубов?
-Секако дека се сеќаваме, меѓутоа незнаеме дали они се сеќаваат на нас 🙂
4. Кога ви се појави желбата за да се занимавате со музика?
-Желбата се појави во раните детски денови, со нашето појавување на аудицијата во Златно Славејче 95 год.
5. Колку ви се смени животот откако станавте популарни?
-Се трудиме да останеме истите Мартин и Стефан кои луѓето не знаеја и пред Next Time, меѓутоа се повеќе внимаваме на односот во јавност, затоа што треба да им бидеме пример на оние што не следат и почитуваат.
6. Дали можеби поради кариерата ги запоставивте вашите пријатели?
-Се разбира дека не, со оние неколку вистински пријатели сме секојдневно во контакт.
7. Имате многу обожавателки, како се справувате со нив?
-Се додека ги има ќе ни биде драго, достапни сме за сите нив.
8. Како треба да изгледа девојката од вашите соништа?
-Како на сон!!! 🙂
9. Ќе ни откриете ли детали од вашиот љубовен живот?
-Се разбира дека нема 😉 меѓутоа убаво е кога човек има љубов во себе.
10. Бидејќи сте релативно млади, се надевам дека повеќе експериментирате…кое е најоткаченото место кад е што сте воделе љубов?
-Мислам дека ове е премногу приватно прашање 🙂
11. Дали би простиле неверство?
-Никако!!!
12. Со што се занимавате периодов, музички планови ?
-Во моментов сме во подготовка на новиот албум, кој треба да излезе на музичкиот пазар во средината на септември. Планираме и голема промоција за истиот поради тоа што ќе биде невистина нешто квалитетно и со љубов создадено.
13. Дали некоја од досегашните песни е автобиогравска?
-Се разбира дека има и таква, како што cе “Не верувам во тебе”,” Ме мислиш ли”, “Изгубен”, “Кога лажеш каде гледаш”…
14. Што се смени после Евровизија?
-Излеговме од продукција, мислам дека тоа веќе сите го знаете, имавме концерти, настапи, нови песни сега следи и албумот, така да мислам дека одиме во вистинска насока.
15. Каква музика слушате приватно, дома или во автомобил
-Rock, R’n’b, се што е актуелно и неактуелна 🙂
16. Имате ли идол?
-Се разбира дека имаме, тоа е нашата мајка.
17. Како го користите слободното време?
-Со јахтата одиме и пиеме шампањ…хахах мала шала, со најблиските се разбира.
18. Колку време поминувате пред огледало?
-Најмалку.
19. Дали спортувате?
-Се разбира, млади сме мора да спортуваме, играме фудбал или трчаме на кеј кога имаме време.
20. Кога би можеле да промените една работа кај себе, што би било тоа?
-Би ја промениле искреноста, некои луѓе не го заслужуваат тоа, нели?
21. Планови за летото? На која плажа ќе можеме да ги сретнеме Мартин и Стефан?
-Плановите се да го завршиме албумот ако остане време се разбира дека ќе отидеме на некоја посебна плажа, а зашто да не и градската…хахаха
22. Планови за кариера надвор од границите на Македонија?
– Во преговори сме за неколку дуети, кога ќе се оствари тоа ќе дознаете сите.
23. Градејќи ја кариерата веројатно сте се соочувале и со помалку пријатни моменти. Кога ви било најтешко?
-Се разбира има и такви моменти…никој не живее во совршен свет, па така и ние…За Мартин, Стефан и Next Time нема тешки моменти, се е лесно.
24. Колку сте поврзани меѓусебно?
-Ако зборуваме во поглед на музиката, многу сме поврзани, многу лесно се читаме еден со друг.
25. Дали некогаш сте го злоупотребиле тоа што сте толку слични?
-Да неколку пати;-)
26. Дали некогаш сте се скарале за девојка?
-Никогаш, зар девојка да не скара, неможе тоа да се случи.
27. Колку често поклонувате подароци и кој е најоткачениот подарок што сте го подариле?
-Многу често поклонуваме, а за тоа нив ќе ги прашате.
28. Што мислите за познатите имиња во Македонија и со кого најмногу се дружите приватно?
-Па вака, под познати мислите на Владо Јаневски, Каролина Гочева, Наум Петревски, Калиопи, Тони Зен, Слаткар, Мартин Србиновски…за нив имаме најдобро мислење, а приватно се дружиме со Мартин Србиновки некако најискрен е со нас 🙂
29. Нешто што би сакале да додадете,а не ве прашавме?
-ДА, сакаме да додадеме дека Владата на Република Македонија треба да отвори еден музички фонд, како што е филмскиот и се разбира да не подржува финансиски во сето ова што го работиме и твориме, би ни значело многу не само на нас, на сите музичари…
Фала многу и поздрав до сите обожаватели на NEXT TIME, ќе имате уште многу да слушнете од нас, поздрав!
3 comments
sani
29 ноември, 2011 at 10:59
ve sakam decki super ste i ako moze intervju so kaliopi plisssssssssss
sara
27 октомври, 2011 at 12:00
ej super ste ve sakam
Bubence
1 јули, 2011 at 21:29
ve molam ako moze intervju so Ana Nikolic