Американскиот актер Џон Малкович е ограбен во Прага, заради што морал да го одложи својот пат во Полска. Актерот бил таму, во посета на Пролетниот музички фестивал каде го промовирал својот најнов филм “ Внатрешна комедија”.
Крадецот влегол во неговата хотелска соба, при што ги украл неговите два мобилни телефони и личните документи. Поради тоа тој морал да го одложи патувањето. Портпаролот на хотелот изјавил дека истрагата е во тек, и не сакал да даде никакви други информации.