Шерил Кол може да се врати повторно во американксиот Х-Фактор, само неколку дена по објавувањето дека таа повеќе не е дел од жирито. Причината за тоа е бурната реакција на публиката на ова шоу. Тие ја критикувале одлуката на сопственикот на лиценцата на ова шоу, Симон Коел.
По овие реакции, тој испратил барање до Шерил повторно да се врати како дел од жирито. Сега се чека на нејзината одлука. Иако веќе се шпекулира дека тие двајца се виделе и разговарале на таа тема, но Шерил сеуште нема донесено одлука.