Проституцијата во Белград – “Plavi most” место каде што едноставно исчезнуваат девојчиња
Користат дроги, ги ограбуваат своите клиенти
Макроата ја поделија територијата на три дела. Многу замина за Босна, бидејќи таму има повеќе пари
“Некогаш работев на клиниката во Белград, а види ме сега, четири години работам на улица. Од улицата заработувам, а мојот сопруг сосема нормално го прифаќа тоа, но децата сеуште не знаат. Цел ден го поминувам со нив и кога ќе ме прашаат навечер: “Мама, каде одиш?” им одговарам дека одам трета смена во некоја компанија или дека работам прекувремено кај некои жени. Сé би направила за нив…”.
Мирела има 31 години. Оваа кратка приказна ни ја раскажа една ноќ во близина на “Plavi most” – место во Белград каде се собираат проститутките. Неколку ноќи по ред ја обиколувавме областа околу мостот со цел да се увериме во тоа. Наидовме само на два или три од нив, но не сака да зборуваат.
И како започна сето тоа?
Најпрво на автопат, се присетуваат старите белграѓани, првите проститутки работеле во јавните тоалети на автобуските и железничките станици, каде што се криеле од “милицијата“ и биле приморани да “работат“ набрзина.
Порано, најпозната улица на која се собирале проститутките во Белград била ул. Гаврило Принцип, која ситната т.е. буржоазија ја нарекуваше “Перверзна улица“, а паркот покрај Економскиот факултет, беше т.н. “Паркот на п**ките“. Повеќето од белграѓаните и денес ги користат овие имиња. Секој втор од Белград ќе ви каже: “Кај Паркот на п**ките… “, наместо” Кај Економскиот факултет”.
Подобро информираните за овој “проблем”, ќе ви кажат дека во паркот сеуште можете да сретнете по некоја постара дама. Бидејќи проститутките беа “протерани“ од главниот дел на градот се преселија кај “Plavi most”, кое сега претставува главно собиралиште.
Прошетавме неколку ноќи по ред и заклучивме дека веќе ги нема во пракот и кај факултетот, а под мостот успеавме да ги најдеме Мирела и 24-годишната Даниел травестит.
Прва на “Plavi most” дојде една постара проститутка која работи на автопатот кон Ниш. Потоа дојдоа девојките кои работат низ градот и почнаа разговорите – која како поминала, колку заработила. Уште на почетокот макроата ја имале поделено територијата во три зони, Мирела ни ја откри “тајната”.
– Сега сме многу помалку, бидејќи голем дел од дамите правеа “глупости” и завршија во затвор. Користеа дрога, крадеа од клиенти, многу од нив заради подобра заработка заминаа во Босна и Македонија.
Мирела е задоволна од својата работа, добро заработува и професионално си го одработувала своето, иако понекогаш имала проблеми со клиентите и полицијата.
Сеуште нема макро, цените на своите услуги ги зголемува само за време на летото, бидејќи тогаш има повеќе клиенти и во случај на инфлација. Во моментот наплаќа 250 динари за орален секс и 300 динари “само” за секс.
На некои стотина метри од Мирела ја најдовме нејзината колешка Даниел која се поздравуваше во кола со клиентот. На улица работи веќе шест години. Додека разговараше со нас, ги покажуваше своите разголени нозе на возачите кои патуваа за Ниш. Таа има големи амбиции, но конкретен начин за нивна реализација се уште нема.
– Сакам да станам медиумиски позната личност, да се појавувам на “Pink” и ” Svet Plus”, затоа што тие се моќни и најгледани телевизии, а јас сакам сé што е моќно. Имам работено на различни работни места, но сите ја искористуваа мојата убавина, така што тоа не ми се исплатеше. А, мене сепак ми требаат пари и к**! – раскажува смеејќи се.
Во првата ноќ кога бевме во потрага по девојки под “Plavi most”, сосема случајно сретнавме средовечен сообраќаен техничар – специјалист за патен сообраќај, како што се претстави, а живее во близина на улицата. Против своите “соседи” подготвувал петиција но не успеал да собере доволен број на потписниците, за на крај да се откаже.
– Ние ја напишавме петицијата, но луѓето се плашат да се потпишат, бидејќи најчесто позади секоја проститутка стои познат макро – долгогодишен робијаш или “позната фаца”. Без никаков проблем користат пиштоли, ножеви, а ние сме локалните жители, не знаеме како да се одбраниме. Затоа се откажавме од петицијата, бидејќи може еден ден да дојдат и да не претепаат за нашите постапки, а знаеме дека нив на крај ќе ги заштити полицијата“ – го завршува разговорот со нас.
Неофицијални податоци
Успеавме да дојдеме до информација од еден инспектор, кој неофицијално ни кажа дека минатата година е зголеме бројот на проституција и околку 50 проценти од пријавените се малолетници, а од вкупно 89 пријавени случаи 80 се женски. Поголемиот дел од нив биле уапсени неколку пати или имале одлежено казна затвор.