Бреговиќ ги собира повторно Бијело Дугме за хуманитарен концерт!

popara29 мај, 20141min00
bijelo-dugme-1342002813-184381

Според Kameleon.ba. , Бреговиќ со групата сака да оддржи хуманитарен концерт за собирање средства за жртвите во поплавите во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.

Концертот би требало да се оддржи во Тузла и би го пренесувале повеќе ТВ канали од регионот со спонзорство на познати брендови, а приходите рамномерно би биле поделени за жртвите во поплавите во трите земји, наведува Kameleon.ba.

Во 2014-та се навршуваат 40 години од формирањето на „Бијело дугме“ и уште во јануари се појвија гласини за повторно собирање на бендот. Менаџерот Рака Мариќ најави дека планира да ги собере сите пејачи од бендот на зеднички роденденски концерт. Меѓутоа, Жељко Бебек тогаш изјави дека него никој не го контактирал во врска со таков концерт.

Можеби сепак катастрофалните поплави и потребата да им се помогне на настраданите, ќе им бидат поттик на сите членови од бендот да заборават на несогласувањате и повторно да се соберат, оценува Kameleon.ba.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *