Почина сопственикот на Манчестер Јунајтед!

popara29 мај, 20141min00
glazer-malcolm-041121

Малколм Глејзер го купи Манчестер Јунајтед во 2005 година и од тогаш освои пет шампионски титули во Премиер лигата (2007, 2008,  2009, 2011 и 2013) и трофеј во Лигата на Шампионите во 2008.

„Со тага можеме да соопштиме дека сопственикот Малколм Глејзер почина утринава” – стои во соопштението на НФЛ тимот Тампа Беј чиј сопственик исто така е Глејзер.

Наскоро се очекува и соопштение на официјалната страна на Манчестер Јунајтед.

Американските сопственици не беа најпопуларни кај голем дел од фановите на Манчестер Јунајтед, но клубот и со нив продолжи да чекори по шампионските патеки.