Состојки:
- 1 кг компири
- 50 мл. маслиново масло + 1 лажица
- 1 лажичка рузмарин
- ½ лимон
- 1 црвен кромид
- магдонос
- сол
- 200 гр. чери домати
- 200 гр. тиквици
- 200 гр. модар патлиџан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Варете ги во тенџере со зовриена вода 5-10 минути. Потоа исцедете ги од водата и измешајте ги во еден сад со 50 мл. маслиново масло , рузмарин и сол по вкус.
Во плех намачкан со 1 лажица масло наредете ги компирите, половина лимон и излупени и исецкани кромид, тиквици и модри патлиџани. Печете ги 40 минути.
Потоа во сад за сервирање измешајте го печениот зеленчук со чери домати пресечени на четвртини и сок од печениот лимон. Зачинете со сецкан магдонос и сол по вкус.