Нов медицински третман како најефикасен метод за подмладување

popara1 септември, 20141min00
3

Третманот со трансфузија на крв од млади глувци има силен ефект врз мозокот на оние постарите, покажува студија спроведена на универзитетите Харвард и Станфорд.

 

Тим научници го споредувал ефектот на повторени трансфузии (осум во 24 дена) на плазма од млади глувци, постари од три месеци и плазма на оние од 18 месеци.

Просечното траење на животот на глувците изнесува две години.

– Има сигурно нешто посебно во крвта на младите глувци што овозможува подобрување на бројните аспекти на стареењето, коментираше првиот потписник на написот Саул Виледа од Станфорд во списанието „Нејчр медисин“ (Nature Medicine).

– Сметам оти е оправдано истражувањето сега да се прошири и на луѓето, рече тој.

Според првичните резултати, трансфузијата на крв од млади глуци ги подобрува когнитивните способности кај постарите, во смисла на подобро помнење и учење, појаснува „Нејчр медисин“.

Научниците исто така забележале дека дошло до промени во структурата на мозокот, со зголемување на бројот на места на кои невроните создаваат споеви.

– Нашите податоци покажуваат дека вбризгувањето „млада крв“ спречува стареење на молекуларното, структурното, функционалното и когнитивното ниво на хипокампусот, се вели во студијата.

Хипокампусот е дел од мозокот чувствителен на стареење, а кој игра централна улога во помнењето.

Виледа рече дека пред експериментите на луѓето треба да се решат бројни непознаници, на пример дозата која што треба да се примени, односно можните ризици од третманот, кои веќе сега некои го нарекуваат „еликсир за подмладување“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag