Кога сакаат да го променат изгледот, жените најчесто ја менуваат бојата на косата или фризурата. Но, и покрај желбата за експериментирање, сепак се плашат од неуспех.
Ако и вие спаѓате во овој тип на жени, тогаш сигурно ви е потребно ова брзо решение.
Доколку одлучивте да ја промените бојата на косата во домашни резултати, а крајниот резултат ве разочара, не паничете.
За да ја поправите штетата, потребен ви е витамин Ц во таблети.
Зависно од должината на косата, ставете неколку во длабок сад и истолчете ги. Помешајте ги со шампонот кој го користите и мешавината нанесете ја косата.
Замотајте ја косата во мек пешкир и оставете да отстои 1-2 часа на гравата.
Потоа измијте се по стандардна постапка и вашата природна боја на косата ќе се врати.
По овој трик, единствено нешто што треба да направите е да ставите маска или регенератор на следните неколку бањања.