Станува збор во главно за странски туристи, а полицијата ги повикала на разговор сите оние кои престојувале во неговиот хостел изминативе неколку години.
Полицијата од Нов Зеланд го уапсила сопственикот на хостел, кој е обвинет за дрогирање на најмалку 16 туристи, кои ги снимал додека сексуално ги злоставувал.
Според пишувањата на локалните медиуми, 56-годишниот Мајкл Харис се изживувал над своите гости минатите 30 месеци, а жртвите биле на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор во главно за странски туристи, а полицијата го повикала на разговор сите оние кои престојувале во неговиот хостел изминативе неколку години, пишува Daily Mail.
“Жртвите веројатно и не знаат што им се случило, иако можеби се сомневале”, наведува детективот Рајс Џонсон. Против Харис се отворени 39 точки на обвинението.