Од Русија доаѓа моќниот Shaman 8×8

popara16 септември, 20141min00
25

Дизајниран и конструиран од компанијата Avtoros од Русија, Shaman е вистински ѕвер. Долг е шест метри, а има растојание од 45 сантиметри од подлогата до дното на автомобилот.

Достапен е во неколку верзии, меѓу кои е моделот со 3.0-литарски мотор со 146 коњски сили, мануелен менувач со 6 брзини и максимална брзина од 80 километри на час. Во понудата е и бензински мотор со 130 коњи, како и поголеми дизелски мотори кои развиваат 178 и 240 коњски сили.

Возачот е поставен во централната позиција која му дава речиси капетанска положба на седење од која може убаво да се гледа целата околина.

Shaman 8×8 има три модови на возење – еден наменет за возење по нормални патишта во кој работат предните 4 тркала, еден за офроуд возење во кој се активира управувањето на задните тркала и еден за проблематични ситуации кој ги активира сите 8 тркала во кој може да се помине по речиси секаков терен и да се качува по агол од 45 степени со товар од 1,5 тони и дополнителни 7 патници.

Дури и со тежината од 2,5 тони, ова возило може да плови, па дури ни водените површини не се пречка за него.

Погледнете како изгледа на дело:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag