Сопственичка на една куќа кај Осијек, Хрватска доживеала шок кога пред десет дена здогледала змија во тоалетот, но она што подоцна и се случило ја оставило без зборови…
Таа поставила лепило на плочките, на кое подоцна се залепиле стотина змии.
Кога мислела дека проблемот е решен, одлучила да се избања.
-Змија ми излезе од сифонот. Толку се исплашив што во паника седнав на велосипед и возев 30 километри, до Осијек. Само во еден ден, кога на мој повик дојдоа пожарникарите, имаше залепено шеесетина, вели сопственичката.
Шокирани биле и пожарникарите, кои тврдат дека проблемот бил во нестручно направената септичка јама, јавуваат хрватските медиуми.
-Плитка е и обложена со шупливи цигли, кои се идеално живеалиште за змии. Водата во јамата била на високо ниво и малечките змии низ неа и канализациските и водоводните цевки се пробиле до бањата, велат тие.