Знаци дека сте го пронашле вистинскиот

popara24 септември, 20141min00
6
Жените често се чувствуваат како објект пред машкиот поглед, но од друга страна, тие имаат нереален поглед на мажите и врската со нив. Како да знаете дека покрај себе го имате вистинскиот маж? Прочитајте ги петте знаци кои тоа ќе ви го потврдат!

Доколку најдете маж кој ви одговара, немојте да го изгубите и обидете се да ги игнорирате неколкуте ситници кои често ви сметаат, а кои всушност се карактеристики на вистинските мажи. Толани Осан за “Yahoo Shine” навел пет особини кои жените често ги нервираат, а кои всушност се одлики на вистинските мажи кои вреди да се задржат покрај себе.

Ве нервираат одредени нешта и едноставно не можете да си помогнете. Еден од најчестите примери е тоа дека му смета доколку сте околу него додека тој гледа фудбалски натпревар или пак игра игри. И самите знаете дека тоа се моменти кога едноставно не може да правите нешто друго заедно со него.

Тоа не е моментот да тестирате колку тој вас ве сака и дали ќе престане да го игра последното ниво само да ви каже колку добро ви стои најновиот фустан. Не треба да се преправате и дека сакате фудбал само за да седите до него и да го испрашувате за некои детали и повремено да го галите. Нема потреба од тоа, во тој момент вашиот партнер е во свој свет.

Супермен би се потрудил да ги чита вашите мисли и би сфатил кога нешто ве мачи, но вистинските мажи ги немаат тие способности. Исто така, тој нема десет пати да ве праша што се случило затоа што ќе види дека се лутите. Доколку имате проблем, кажете му го. Не станува збор за тоа дека тој не сака да разговара, туку дека не знае што вие сакате. Емоциите понекогаш се застрашувачки, но вистинските мажи можат да се соочат со нив.

Колку и да се надевате, тој нема да се промени. Затоа, не треба да се фокусирате на сето она што тој не е, туку размислувајте спротивно и размислете дали тој го има она што го сакате од мажот. Вистинските и реалните мажи се луѓе од крв и месо и имаат свои проблеми, минато и прават грешки! Како ќе знаете дали тој е вистинскиот? Ако е покрај вас во тешките моменти, зошто не би бил уште подобар кога се ќе биде во најдобар ред?!

Кога сте вие виновни за нешто, тој нема да ви попушти! Вистинскиот маж нема да се повлече само затоа што не сака со часови да се расправа со својата тврдоглава партнерка. Доколку бидете безобразни, тој ќе ви врати во иста мера и силно ќе се држи со своите ставови и мислење. Доколку е толку моќен и самоуверен дека ја зборува вистината, сослушајте го и аргументирано продолжете во дебатата. И тоа е облик на љубов, а секако, составен дел е и од квалитетната врска.

Вистинските мажи најчесто работат напорно и градат кариера. Без оглед на тоа каков вид на работа има, нему му е важно да биде помеѓу најдобрите и да напредува. Не станува збор за пари, туку за потврдата дека тој е вреден и дека навистина вреди како квалитетен работник.