Актерката Џенифер Анистон која често е критикувана зошто влегува од врска во врска, овој пат изгледа е во сериозна врска. Таа неодамна изјави дека верува во брак, и покрај тоа што неколку пати имала големи разочарувања во љубовта.
Таа во моментов е во врска со три години помладиот од неа, Џастин Терукс. Неодамна, при излегување од студиото во Лос Анџелес е видена дека носи веренички престен. Џенифер сеуште ја нема потврдено информацијата дека е верена, иако странските медиуми веќе на големо пишуваат за тоа.