Видеото кое ќе ве мотивира и инспирира да ги победите своите стравови

popara1 октомври, 20141min00
Видеото кое ќе ве мотивира и инспирира да ги победите своите стравови

Видеото во кое учествуваат најдобрите светски пливачи Мајкл Фелпс и Рајан Лохт, ќе ви ги сруши сите предрасуди, сите оправдувања и деструкции и ќе ве натера да станете рано наутро, дури и кога е премногу ладно и да почнете да вежбате.

Послушајте го внатрешниот глас кој ви зборува дека треба да се разбудите, да станете и да излезете. Оној глас кој ќе го послушате е оној кој ве дефинира.

Секојдневно се соочуваме со конфликти на доброто и лошото, да се одбере правилниот или полесниот пат.

Кога го правите изборот и кога ќе одлучите да го послушате гласот, тогаш не запирајте. Оној глас кој го слушате како ви шепоти и ве премислува, тоа е гласот на вашите стравови.

Не дозволувајте да ве обземат. Спротивставете се и на самите себе.

Но, никогаш не го губете срцето. Во вечната битка на умот и срцето, вашето тело и малото ѓаволче на едното рамо ќе ви шепнат дека тоа е само игра во која другите се посилни од вас. Тогаш послушајте го срцето. Она кое ве тера да верувате, да издржите и да се борите до крај.

Запомнете која ви е целта. Само кога ќе го дадете максимумот од себе и кога ќе бидете сигурни дека немате што да дадете повеќе, само тогаш може да кажете дека сте подготвени да се соочите со вашите непријатели.

Вие сте лав во глутницата лавови.

Сите се борат за исто. Победата е единственото нешто што ве одржува живи. Верувајте му само на гласот кој ви вели дека можете подобро, можете побрзо, можете посилно.

Дали сте меѓу оние кои сакаат да веруваат дека победите се случуваат случајно, наспроти оние кои знаат дека тоа е избор, одлучете се сега, бидејќи судбината никого не чека.

Кога ќе дојде вашето време и кога ќе почнат да ви се мешаат илјадници гласови кои се обидуваат да ве запрат и да направат да се посомневате во себе, тогаш слушнете го само оној глас кој ви шепоти дека вие можете, подготвени сте, ќе успеете.

Сега сè зависи од вас.

Преслушајте го внимателно видеото кое ќе ве мотивира и инспирира да ги победите своите стравови:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag