Секоја година сите со нетрпение ја очекуваме и најголемата светска драг трка на Motor Trend на која силите си ги одмеруваат автомобили кои во истата година учествувале во натпреварот за најдобра возачка машина, без оглед на класата, моќта или цената.
Американскиот Motor Trend и оваа година ја подготви популарната World’s Greatest Drag Race на која учествуваа сите автомобили кои во оваа година се натпреваруваа во категоријата за најдобар возачки автомобил.
Покрај веќе познатите лица, оваа година се придружија и Alfa Romeo 4C, BMW i8 и М4, Chevrolet Camaro Z/28, Jaguar F-Type R, како и новиот Subaru WRX STI.
Како и до сега, големата драг трка се одржа на аеродромската писта на базата El Toro во Калифорнија, а какви беа резултатите на крајот, погледнете и сами!
Првите двајца можеби и не се толку големо изненадување, но третопласираниот “бруцош” оствари навистина одличен резултат!
Погледнете ги сите најдобри кои овојпат се собрани на едно место: