Сексапилноста и начинот на кој ја промовира женската убавина може да биде вистинска слика на едно време.
Комерзијализацијата денес не заобиколува ниеден аспект од животот, а кога се доближува до женското тело, тоа е доведено и до екстремност.
Женското тело стана производ, а сексапилноста е во целосна функција на маркетингот. Со експлицитното прикажување на женските атрибути производот се продава.
Сексапилноста брзо го менувала својот облик. Некогашниот Холивуд воодушевувал со диви чија убавина и заводливост е покриена под раскошните тоалети.
Дозата несигурност која ја поседувала Мерлин Монро ја направила уште попривлечна за другите.
Оние кои имале среќа да ја запознаат раскажуваат дека секогаш била пријателски настроена и искрено заинтересирана за луѓето околу себе.
Колку се разликува прикажувањето на женската сексапилност во однос на денешниот начин, најдобро покажуваат фотографиите на британската глумица Жаклин Бизе во бикини. Без трошка провокативност, Жаклин изгледала и тоа како заводливо.
Елизабет Тејлор со покажувањето на физичките атрибути не ја уништила мистериозноста со која го привлекла вниманието на гледачите ширум светот.
Ниту дрската Џоан Колинс не претерувала во своите настапи. Таа се придружила на групата секс симболи чија единственост и индивидуалност била на прво место.
Врвот на голотијата ја уништи сета магија. Денес нема мистериозност, нема скриена сексапилност, а тие недостатоци ја уништуваат сексапилноста.
Сè стана вообичаено, навикнавме на голотијата, па чија било фотографија не предизвикува некоја посебна реакција.
Ерата на Ким Кардашијан, Рита Ора, Мајли Сајрус, Тулиса, Ејми Чајлдс не обрнуваат внимание на никаква мера, а паролата која важи денес во шоубизнисот е: „Само голо тело , доволно провокативно, не остава ништо на фантазијата на оние кои ги гледаат.
Оваа екстремност предизвикала и појава на девојките чија професија е токму покажувањето на голото тело. За разлика од некогашните секс симболи, на кои физичкиот изглед им бил само надополнување на основната професија, денес секс бомбите се всушност само тоа – промотери на голотијата.
Психолозите споредуваат дека кога порано на мажите ќе им се приближи и само малку разголена и провокативна девојка, предизвикувала возбуда, денес речиси никоја не може да го постигне тој ефект, бидејќи веќе сè е видено.
Кои ви се допаѓаат повеќе: поранешните или денешните секс симболи?