Сообраќајниот полицаец од Филипините станал улична сезнација поради тоа што ги воодушевува возачите и пешаците со своите единствени усогласени движења со кои го регулира сообраќајот.
Рамиро(54), кој работи на една многу прометна раскрсница во Пасај Сити, стана култна фигура на сообраќајната полиција во тоа подрачје.
Посматрачите кажуваат дека начинот на кој мафта со рацете и ротира со телото е чиста уметност.
Овој полицаец вели дека сака да танцува и ги вежба движењата и гестовите дома за да го направи тоа што подобро.
Рамиро изјавува дека освен регулирање на сообраќај, целта му е да ги насмее и расположи возачите и пешаците кои наутро одат на работа.
Рамиро работи како полицаец шест години. Иако работата е напорна, тој вели дека не постои друга професија со која би сакал да се занимава.
http://www.youtube.com/watch?v=v3uuhblvgnU&feature=player_embedded