Се прашувате како е тоа возможно? Таа откри некои од своите мали трикови!
Познатата манекенка од 90-тите и денес е еднакво привлечна! Синди Крафорд е убавица која го има времето на своја страна, а освен тоа има и неколку трикови за убавина.
„Тајната е дека нема тајни. Јас само правам работи кои ме научиле. Не пушам, доволно спијам, пијам многу вода и опкружена сум со оние кои ги сакам. Секој ден користам крема со заштитен фактор, го чистам лицето наутро и навечер, користам ноќна крема и серум за лице“, открила во новото модно интервју за The Violet Files.
„Мислам дека всушност тајната е во редовна нега. Јас тоа веќе го правам со години, па кога сте во моите години се гледа разликата. Би било поинаку ако почнав со негата уште во текот на својата 35-та година“, вели Синди и додава дека нема ништо без самодоверба.
„Важно е да продолжите да правите она што ве прави среќни, добра сум во својата работа, опкружена сум со моето семејство и сум сакана“.