Прочитајте што велат ѕвездите за вашиот сексуален живот. Со кого треба да бидете само пријатели, со кога да одите на вечера, а со кого да имате интимни односи.
ОВЕН
Овен со овен? Може, само доколку сакате жежок секс после жестоки кавги. Бик ќе ви носи појадок во кревет, а со Рак можете да одите на романтични прошетки. Вагата ќе ја сакате до крај.
БИК
Ракот сака да се мази, Девицата Ви е здодевна, Скорпијата е само за една ноќ. Со Бикот ќе ви биде генијално, по цел ден и ноќ во кревет. Само, кој од вас двајца ќе се сети да ја смени постелнината?
БЛИЗНАЦИ
Вие и Стрелец сте како две puzzle парчиња – совршен пар. Само кога не би била таа Водолија која потполно ќе Ви го заврти умот. Со Овен можете да имате огнени страсти, ама за жал со краток рок на траење.
РАК
Лавот експресно ќе ја подигне вашата самодоверба, а потоа ќе предизвика вистинска бура од чувствата. Со Скорпија може да имате жешка афера и она што се вели “забране овошје”, но Јарецот ќе биде оној вистинскиот.
ЛАВ
Секако дека сакате оган и страст, но Овенот за вас е преексплозивен. Со Лав ќе бидете вистинско дуо за игри без граници, а Девица привлекува но и нервира, истовремено. Совет – соочување со Водолија!
ДЕВИЦА
Овенот е само за една ноќ. Со Близнаци ќе имате најдобар секс во животот, Рибите се симпатични, но некомпетентни. Единствен кој навечер ќе ве одведе на опера, а наутро до оргазам е Водолијата.
ВАГА
Со Лав можете да бидете среќни само ако тој заборави на своите мачо манири и го намали апетитот. Скорпијата има премногу желби за ваш вкус, Бикот е супер другар, ама ништо од пеперутките во стомакот. Но, затоа Водолијата е ветена земја.
СКОРПИЈА
Бикот е фасцинантен, меѓутоа неговата опсесија и страст можат да бидат опасни. Ракот е неодолив како бајадера, само и од него, може да се разболите. Овенот е одличен, ама неверодостоен, а Лавот е на ваше ниво.
СТРЕЛЕЦ
Сексот со Скорпија е идеален за подигнување на егото, Рибите ќе ве гушат со својата сентименталност. Со Стрелец ќе бидете најгламурозен пар во градот, но Вагата ви е судена.
ЈАРЕЦ
Овенот ви е драг и ви дава слобода. Што би сакале повеќе? Со Бик сте на седмо небо. Стрелецот ќе ви раскажува бајки кои тешко дека ќе ги реализира, а Рибите ви се откритие на годината – заиграни и возбудливи како вас.
ВОДОЛИЈА
Со Близнаците можете да експериментирате во кревет колку што ви душа сака. Ракот знае да ве утеши, ама нема да знае да ве сака. Лавот избегнувајте го колку што можете, а со Водолија можете да бидете на седмо небо.
РИБИ
Лавот ве гледа како секси божица/бог, со Скорпијата снимате трилери. со Стрелец можете да го освоите светот, само не заборавајте дека треба и да дишете. А, во Јарецот можете да откриете и пријател и љубовник.