Кога реалноста би била поинаква и кога најмладите би можеле да ги бираат своите родители,
би ги одбрале оние кои се вклопуваат во сликата на совршено семејство,
секогаш добро расположени родители и родители кои никогаш не се расправаат.
Финската хуманитарна организација „Fragile Childhood” и истоимената маркетингшка компанија ги прикажаа детските соништа. Во главната улога во ова видео се напуштените деца, кои детството го поминуваат во сиропиталишта, но фантазиите за идеално семејство никогаш не ги напуштаат.
Неодамнешно истражување во Финска покажа дека голем број на деца на возраст од 12 до 18 години се соочуваат со алкохолизмот на своите родители. Загрозените деца изјавиле дека најмногу би сакале нивните родители да бидат секогаш трезни.
Кампањата треба уште еднаш да не` потсети на напуштените деца, кои не смеат да бидат заборавени.