Посетителите во Зоолошката градина во полскиот Гдањск, меѓу кои било и дете, останале шокирани откако присуствувале на морничава сцена на пресметка од дивите животни.
Лавот по име Арко ја нападнал младата лавица Берги, откако таа го удрила со шепата со намера да си игра. Меѓутоа, лавот тоа го сфатил како закана и веднаш ја зграпчил лавицата за врат и ја убил.
Арко бил доведен во Зоолошката градина од Португалија, а трите лавици, кои со него го делеле кафезот, биле од Франција. Се чини дека на лавот му пречело друштвото или бил изириртиран од однесувањето на лавицата во „својот“ кафез, па го сторил овој ужасен чин.
Откако ја убил едната лавица, се упатил кон другите две со намера да покаже „кој е главен“. Директорот на Зоолошката градина, Михаил Тарговски, рекол дека е ужаснат од овој трагичен настан и навел дека ова е најтешкиот инцидент во историјата на оваа институција.
Упатил извинување кон посетителите што присуствувале на овој хорор и рекол дека управата на Зоолошката градина со месеци го подготвувала кафезот за лавовите во желба тие да се чувствуваат што послободно и поприродно, но ова никој не можел да го предвиди.
httpv://www.youtube.com/watch?v=J7uB4cwzdmI