Откриен е најдобриот извор на антиоксиданси

popara17 октомври, 20141min00
6

Суровото зрно на какаото е најдобриот природен извор на антиоксиданси што постои, бидејќи содржи 14 пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино и 21 пат повеќе од зелениот чај.

За жал, поголемиот дел од какаото што оди во промет, како и комерцијалното чоколадо, се произведуваат според холандска метода, на температура од 150 степени Целзиусови, при што поголемиот дел од антиоксиданси и хранливи материи се уништуваат.

Суровото зрно какао е најдобар извор на антиоксиданси во светот, а содржи и голема количина магнезиум, минерал кој често ни недостасува во исхраната. Какаото има голема хранлива вредност, а не содржи шеќери. Исто така, доколку патите од недостаток на железо во организмот, сигурно ќе ви се допадне фактот дека мало парченце какао од 28 грама содржи дури 314 % од препорачаната дневна количина на железо.

На благодетите од какаото им нема крај. Тоа е природен афродизијак, делува како антидепресив, а богато е и со сулфур – минерал на убавината кој ги зајакнува ноктите и косата, ја чисти кожата, го детоксифицира црниот дроб и ја стимулира работата на панкреасот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma