Ако по некоја случајност го инсталиравте Facebook Messenger (Фејсбук Месинџер) на својот андроид, iOS или Windows Phone, и припаѓате на групата на 200 милиони луѓе кои го сториа тоа, тогаш веројатно знаете дека сите лични податоци кои им ги ”предадовте” на социјалните мрежи, веќе не се само ваши. Или, сепак не знаевте како одат работите, бидејќи не ги прочитавте нивните услови за користење пред инсталацијата?
Доколку користите Месинџер, еве што овозможивте со користење на оваа апликација:
– Повикување на броеви без знаење на корисникот. Освен што може да доведе до зголемена телефонска сметка, злонамерните апликации може добро да ја искористат оваа функција.
– Праќање СМС пораки без знаење на корисникот. Освен што може да доведе до зголемена телефонска сметка, злонамерните апликации може добро да ја искористат оваа функција.
– Снимање на звук со микрофон. Кога апликацијата тоа ќе го посака, во должина во која ќе посака и без знаење на сопственикот, во позадина + праќање на тие податоци. Освен што може да доведе до зголемена телефонска сметка, злонамерните апликации може добро да ја искористат оваа функција.
– Фотографирање и снимање со камера. Кога апликацијата тоа ќе го посака, во должина во која ќе посака и без знаење на сопственикот, во позадина + праќање на тие снимки. Освен што може да доведе до зголемена телефонска сметка, злонамерните апликации може добро да ја искористат оваа функција.
– Преглед на историја на повици и контакти. Злонамерните апликации може да ја искористат и оваа функција и да извлечат податоци за корисникот и да ги препратата каде ќе посакаат.
– Користење на лични податоци. Се што е сочувано во вашиот телефон од лични податоци на сопственикот, може да биде искористено на некој начин, посебно ако злонамерните апликации најдат пристап до сите сочувани податоци.
Блогот на магазинот “Huffington Post“, уште подлабоко ја истражил апликацијата на Фејсбук Месинџер, и кои се информациите кои ние ги дозволуваме да се користат од нашите лични податоци со самото инсталирање на оваа апликација. За крај, да потсетиме дека Фејсбук ја исфрлува од употреба можноста за праќање пораки преку мобилната апликација на Фејсбук и тоа дека Месинџерот во иднина ќе можете да го користите како единствна ФБ мобилна платформа за допишување.