Многу редок вид на сибирски тигар по име Золушка, кој инаку како младенче беше спасен од степите во Источна Русија, пред неколку дена, повторно ја почуствува слободата, откако неговите чувари решија да го пуштат на повторна слобода.
Моментот на неговото ослободување од кафезот и стегите на прифатниот центар го снимија низа фотографи кои со нетрпение го очекуваа емотивниот момент на подигање на металните решетки на добро зашитетниот кафез.
Золушка е еден од четиристотини преостанати единки на сибирските тигри низ степите на Источна Русија.