Погледнете како исламистите тргуваат со заробени жени

popara4 ноември, 20141min00
Погледнете како исламистите тргуваат со заробени жени
Припадниците на Исламската држава објавиле видео во кое прикажуваат како тргуваат со заробени жени Јазиди. На снимката гледаме мажи кои преговараат за цена, а најскапите робинки се оние со сини и зелени очи.

На почетокот на снимката, мажот вели:

– Денес е пазарот за робинки. Денес е денот за поделба, ако даде Господ. Секој ќе го добие својот дел.

Потоа почнува и пазарењето:

– Кој има нешто да продаде?

– Јас, зошто?

– Јас плаќам 300 долари.

– Јас давам пиштол.

– Цената се менува доколку има сини очи.

– Ќе ја продадам за “Глок”!

– Јас давам 500 долари.

– Доколку има 15 години, морам да ја погледнам…Да ги видам нејзините заби.

– А ако има зелени очи…

– А што ако нема заби?

Видеото било снимено во Мосул, вториот по големина град во Ирак, кој џихадистите го заземале во јуни, пренесува ТВ каналот Al Aan, кој воедно и ја превел снимката.

Како што е наведено жените и децата Јазиди биле заробени за време на офанзивата во Синџар и поделени меѓу борците “во склад со шеријатското право”.

https://www.youtube.com/watch?v=moqx6_L3RMI

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma