Алисија Вера е професионален фотограф и на интимен и волшебен начин го долови секојдневието на една млада проститутка од Сан Франциско.
Фотографиите на 21-годишната Иден биле направени со цел да се истражат женските права и сексуалниот идентитет, но проектот полека прераснал во документирање на женските искуства.
Алисија и Иден се спријателиле, па девојката која за живот заработувала со проституција ја раскажала својата интимна приказна.
Таа сакала да стане танчарка, но започнала да работи во стриптиз бар.
-Никој не е она што го работи, но што и да правите тоа прераснува во дел од нас. Јас сум жена, ќерка, сестра, пријателка, уметник и човек кој нуди секс за пари. И покрај тоа што ги раздвојувам сите овие улоги како би ги заштитила едни од други, сепак не исчезнуваат во целост. Ќерката, сестрата, пријателката и уметникот во мене секогаш се раздвоени од работата, но исто така секогаш ги паметат лекциите и спомените кои сум ги доживеала, вели Иден, истакнувајќи дека работата не го дефинира човекот.
Погледнете дел од секојдневието на Иден – од обични телефонски разговори со мајка и, до моментите кога услужува клиенти.