Страшни последици од внесувањето на шеќери

popara10 ноември, 20141min00
Woman eating spoon of sugar

Нутриционистите не залудно советуваат консумацијата на шеќери да ја сведеме на минимум бидејќи истиот е вистинска штетна бомба за организмот. Истражувањата велат дека шеќерот има штетни дејства врз нашиот организам. Еве неколку од нив:

Ги обвиваат органите во масти

Фруктозата, состојка на шеќерот, го тера црниот дроб поефикасно да ги складира мастите, и тоа на чудни места. Со време доаѓа до создавање на масни наслаги околу црниот дроб, што предизвикува негово заболување.

Развој на дијабетес

Со секои дополнителни 150 калории дневно, добиени преку внесот на шеќери, шансите за заболување од дијабетес се зголемуваат за 1,1 процент.

Хаос од холестерол

Кога ќе се одземат лицата со висок холестерол и дијабетес, како и оние со прекумерна тежина, се воочува дека кај луѓето кои внесуваат многу шеќери во текот на денот, се бележи најголем раст на лошиот холестерол и опасни триглицериди, а воедно и се намалува нивото на добриот холестерол. Прекумерниот внес на шаќер доведува до тоа црниот дроб да произведе повеќе лош холестерол додека истовремено го спречува организмот да го исфрли.

Лошо влијание врз срцето

Срцевите заболувања и дијабетесот се тесно поврзани. Срцевиот и мозочниот удар се најчестите причини за смрт (65 проценти) кај луѓето со дијабетес тип 2.

Доведува до висок крвен притисок

Доаѓа до прекумерно лачење на инсулин, кој влијае лошо врз циркулацијата и крвните садови. Хронично високото ниво на инсулин предизвикува брз раст на мускулните клетки околу крвните садови, што доведува до стврднување на ѕидовите на артериите, што е чекор кон висок крвен притисок.

Предизвикува дијабетес тип 3

Невропатологот од Универзитетот Браун, Сузан де ла Монт, го измислила терминот „дијабетес тип 3“ откако нејзиниот тим на соработници прво ја откриле поврзаноста помеѓу резистентноста на инсулин, исхраната богата со масти и Алцхајмеровата болест. Според мислењето на овој научник, Алцхајмеровата болест е болест на метаболизмот, кај кој е оштетена способноста на мозокот да ја користи глукозата и да произведува енергија.

Станувате стрвни



Редовното внесување на големи количини шеќер го попречува пренесувањето на пораки до мозокот дека сме сити. Лептинот, хормон кој ги праќа овие сигнали, не ја извршува својата функција, додека фруктозата која ја внесуваме преку шеќерот, постојано предизвикува глад.

Зависност од шеќер

Шеќерот предизвикува лачење на хемикалии кои влијаат на центарот за задоволство во мозокот, односно на лачење на опиоид и допамин. Како и кај лицата кои консумираат наркотични средства, во овој случај се развива толеранција на шеќер, што значи дека е потребна поголема количина на шеќер за да се постигне чувство на задоволство.

При проучување на влијанието на шеќерот врз стаорци, научниците забележале дека животните почнуваат да штракаат со забите, да се тресат и да се вознемируваат кога ќе им се одземе шеќерот.

Постојано чувство на замор

Преголемата количина на шеќер во организмот доведува до постојано чувство на замор.

Тоа се случува заради постојаните промени на нивото на шеќер во крвра, заради што организмот бара да изедете нешто благо, па така се вртите во затворен круг.

Води кон депресија

Постои поврзаност помеѓу депресијата и консумацијата на благо. Воочено е дека лицата кои внесуваат многу шеќери со текот на времето стануваат склони кон депресија.

Предвремено стареење

Шеќерот во крвта се врзува за протеинитеи така се формираат штетни молекули наречени AGE, кои ги напаѓаат околните протеини, вклучувајќи ги и протеинските влакна во колагенот и еластинот, состојки кои ја прават кожата цврста и еластична. Како резултат на тоа, доаѓа до создавање на брчки и опуштање на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma