Која е тајната на овие луѓе? Животниот век им е 120 години, раѓаат и на 65!

popara21 ноември, 20141min00
17

Хунзите се стар народ, сместени на самата граница меѓу Пакистан и Индија, познати по тоа што нивниот животен век трае 110-120 години, па нивното место на живеење е познато како „оаза на младост“. Скоро никогаш не се болни, а благодарение на гените изгледаат младолико.

Тие се пример дека начинот на живот, приближен на идеален, навистина постои. Хунзите се бањаат во студена вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а на 65 години раѓаат деца.

На лето јадат исклучиво овошје и зеленчук, а во текот на зимата конзумираат суви кајсии, готвени житарки и овчјо сирење. Постои период кога Хунзите ништо не јадат, а тој е познат како „гладна пролет“. Името го добила по тоа што овошјето тогаш уште не е созреано, и тогаш пијат исклучиво сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци, а во нивната историја строго се почитуваат како многу почитуван дел од културата.

Протеини внесуваат во најмали количини, а дневно внесуваат во просек 1933 калории од кои 50 г протеини, 36 гр. јаглени хидрати.

Од искуство многу странци дојденци, кои се преселиле во долината на реката Хунза, заклучиле дека главен фактор на долговечниот живот е здрава исхрана.

Шкотскиот лекар Мек Херисон, по враќањето во Англија, извел експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна на едно лондонско работничко семејство, која подразбира бел леб, харинга, рафиниран шеќер, конзервирана храна и готвен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана, кај животните се појавиле различни човечки болести. Другата група на животни се хранеле со храната на Хунза и останале совршено здрави.

Во книгата „Хунзи-луѓе кои не знаат за болест“, авторот Р. Бирчер, ги истакнува основните карактеристики на нивната исхрана, тврдејќи дека тие се клучни за здрав живот:

-вегетаријански вид на исхрана, голема количина на сирови намирници, во исхраната доминираат овошје и зеленчук, природни производи, без никакви вметнати хемии, намирници кои се подготвуваат така што се чуваат сите нејзини биолошки вредни материјали, алкохол и слатки се на листата намирници кои ретко се внесуваат, го почитуваат редовниот период на гладување.

На меѓународниот конгрес за канцерогени заболоувања во Париз, обележан во август 1977 година, експерти објавиле како „според податоците на геоканцерологијата (наука за истражување на ракот во различни региони на светот), целосно отсуство на рак се јавува само кај народот на Хунзите“.

За нив да се поминат 100 до 200 километри дневно, исто што и за нас да се прошета околу куќата. Искачување по стрмни планини за Хунзите е пола час, а се симнуваат весели и енергични.

Нивните константно насмеани лица и добро расположение исто така допринесуваат на нивното подобро ментално и физичко здравје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma