Audi Q8 дефинитивно се ланисира

popara23 ноември, 20141min00
2

Шефот за истражување и развој на Audi, Улрих Хакенберг потврди дека производителот наскоро ќе го лансира моделот Q8, којшто ќе се базира врз основа на новиот Q7…

Формулата според која ќе биде осмислен новиот Q8 е веќе добро позната, но доволно е да се каже дека ќе станува збор за конкурент на BMW X6 и Mercedes-Benz MLC. Исто така, овој модел би требало да позајмува некои карактеристики од дизајнот на новиот концепт Prologue, со што дополнително ќе се разликува од Q7, кој ќе биде еден од последните претставници на „стариот“ дизајн на производителот.

audi-q8

Моделот ќе се базира на втората генерација од модуларната MLB платформа што ќе резултира со вкупна тежина помала од два тона и должина од над пет метри. Моторизацијата, исто така, во голема мера ќе биде пренесена од новиот Q7, односно на клиентите ќе им бидат понудени неколку V6 и V8 турбо бензински и дизел мотори. Во иднина може да се очекува и plug-in хибрид, а можеби дури и електрична верзија.

Од Audi најавуваат дека овој модел на пазарот ќе се појави за околу три години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma