На 25-ти ноември Северина одржа хуманитарен концерт за една детска болница, на кој присуствуваше и нејзиниот син Александар.
Тој седеше во првите редови покрај хрватскиот претседател и блиска пријателка на Северина.
Во еден момент, додека Северина ја најавуваше следната песна, се слушна детскиот глас на Александар како ја довикува својата мајка.
Целата ситуација беше проследена со силен аплауз од публиката која буквално се стопи.