Фолк ѕвездата Гога Секулиќ претходниве месеци мака мачеше со вишокот килограми, па на нејзините последни јавни настапи многумина остави без текст.
Секулиќ успеа за краток временски период ослаби 10 килограми и многу девојки ја преплавија со прашања што правела за да го постигне тој резултат. Пеачката на својот Фејсбук реши да им ја открие тајната на фановите!
– Последните недели се` повеќе луѓе ме прашуваат како успеав да ослабам толку за кратко време. И морам да ви признаам дека ме имресионира тоа што многумина мислат дека тоа не може да се направи со теретана. Навистина, имам тренер и вежбам со него кога ќе ми дозволи времето. Но едвај можам да постигнам се`. Мојата тајна се капсули кои ги пијам веќе два месеца. И ги гледате резултатите! Некогаш не можам ни сама да се препознаам колку се трансформирав за кратко време, напишала Гога.