Човек скокнал во кафез со лавови (видео)

popara9 декември, 20141min00
Човек скокнал во кафез со лавови (видео)
Непознатиот маж скокнал во кафез со лавови, кои во истиот момент го нападнале. Оваа стравична сцена се случила во Барселона, а снимката од нападот на крволочните животни се појави на интернет.

Еден од посетителите на Зоолошка градина во Барселона е тешко повреден, откако скокнал во кафезот со лавови. Мажот, чие име не е објавено, го нападнале неколку од дивите животни.

Чуварите на зоолошката градина реагирале експресно брзо и успеале да го извлечат човекот од кафезот. Тие со млаз вода ги прскале лавовите за да ги избркаат подалеку од човекот.

На крајот, мажот од кафезот го извлекле пожарникари. Не е познат мотивот поради кој човекот скокнал во кафезот со лавови.

https://www.youtube.com/watch?v=8UAUjLdC1aQ

https://www.youtube.com/watch?v=mIasPq6kJXI