Британски турист во Сиднеј и адреналински зависник Герет Џонс, се лизнал и паднал во море од 90 метри висока карпа. На својот Инстаграм профил, само два дена пред смртта, 25-годишниот Џонс објавил фотографија на која седи на работ на истата карпа на Норт Хед и напишал: „Уште еден ден на уште едно среќно место“.
Полицијата која го истражува случајот верува дека несреќата се случила кога Џонс со пријателите одел да го гледа изгревањето на сонцето со поглед на градското пристаниште.
Полицијата испитала четири сведоци. Тие рекле дека заедно со Џонс седеле на работ на карпата кога се случила несреќата.
– Џонс се навалил на работ за да фати подобар поглед и тогаш паднал, рекол инспекторот Најџел Тејлор за „Сандеј Морнинг Хералд“.
Двајцата пријатели со јаже се спуштиле низ карпата, но Џонс веќе бил мртов.
Неколку месеци пред трагедијатам, тој екстремен спортист, чиј Фејсбук профил е затрупан со снимки од опасни скокови, паднал од врв на кула.
https://www.youtube.com/watch?v=QZoGEZiFlYo