
За некои изненадување, за други очекувано. Видеото на оваа музичка ѕвезда се најде на прво место на листата на најгледани.
Оваа година беше полна со нови хитови, а сега видео сервисот Јутјуб ги објави 10-те најгледани клипови во 2014 година.
Кети Пери има навистина успешна година, а според Јутјуб, токму видео записот за нејзиниот хит „Dark Horse“ бил најгледан во 2014година.
Веднаш зад Кети Пери е големиот хит на Енрике – „Bailando“, со 591.760.000 прегледи, а третата позиција и припаѓа на пејачката Шакира и нејзиниот хит кој го сними со Ријана, а тоа е „Can’t Remember to Forget You“. Спотот собра повеќе од 443 милиони прегледина.
На листата се нашле и Ријана и Шакира, Иги Азалеа, Тејлор Свифт и многу други популарни изведувачи.