Се огласи момчето на убиената Драгана: „Ми пиша дека сум и единствен“

16 декември, 20140
23

Пред да исчезне 19-годишната Драгана, која вчеравечер беше пронајдена мртва, нејзината цимерка се јавила кај нејзината мајка да и каже дека Драгана кобната вечер не се вратила во Домот.

deckoto-dragana500

За нејзиното убиство е уапсен 66-годишниот Чедомир Ѓуриќ со кој наводно Драгана била во љубовна врска.

Соседите на Чедомир, за српскиот портал Новости, рекле дека тој планирал Драгана да го наследи неговиот имот по неговата смрт. Чедомир пред полицијата откако го признал убиството изјавил дека љубомората била причина да ја претепа Драгана, која кобната вечер му соопштила дека сака да го остави.

18-годишната девојка била во врска и со младо момче од истото село Салаш. Тој скршен од болка за Новости изјавил дека не може да поверува дека неговата девојка е убиена.

– Со Драгана бевме во врска од 7.јули годинава. Нашата врска беше сериозна, нејзиниот татко дури не советуваше да се земеме веднаш откако таа ќе заврши средно училиште, рекол Милан.

Тој додал дека не верува во наводните гласини дека таа била во врска со монструмот, кој е одговорен за нејзината смрт.

– Последен пат ми испрати смс во понеделникот пред да исчезне околу 14 часот. Во пораката му напиша „Единствен мој“, посочил тој, кој додал дека Чедомир често и праќал смс пораки на Драгана, и дека еднаш и нему му испратил порака во која пишувало „Знам дека си со неа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi