Android 5.1 доаѓа во февруари

popara21 декември, 20141min00
8

Новиот Android Lollipop (5.0) е вистински хит кај корисниците и веројатно најдобрата и најсеопфатната верзија на овој мобилен оперативен систем досега. Се прашувате што би можел да ни понуди неговиот наследник?

Во моментот, најновата верзија е Android 5.0.1, а во јавноста кружат шпекулации дека Google ќе ја прескокне Android 5.0.2 верзијата и директно ќе отиде на Android 5.1. Ова се случило и во минатото, кога преминавме од Android 4.0 на 4.1, 4.2 и 4.3, како и од Android 2.0 на 2.1 верзијата.

Според извори блиски до компанијата, Android 5.1 ќе ги воведе следните промени и подобрувања

  • Тивок звучен профил
  • Подобрувања во стабилноста при работа
  • Подобро менаџирање на RAM меморијата
  • Оптимизација на батеријата
  • Средување на проблемот со ненадејно гасење на апликации
  • Средување на проблемите со Wi-Fi и другите безжични конекции
  • Новитети кај нотификациите и;
  • Средување на проблемите со звукот кај одредени уреди
Како што може да забележите, станува збор за навистина голем апдејт, а се шпекулира дека би пристигнал веќе во февруари идната година. Очекувајте повеќе информации наскоро!
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma