Во втората сезона на ултра популарното шоу Х Фактор, кое сега ќе се гледа во поширокиот регион, поради што и го носи името Х Фактор Адриа, нема да се појави ниту еден од судиите кои судеа во прата сезона. Да се потсетиме судиите и менторите Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Кики Лесендриќ и Емина Јаховиќ ќе можат оваа сезона да го гледаат шоуто преку малите екрани, а во судиските столчиња ќе седнат други познати фаци кои ќе ја делат правдата.
Продукцијата е во сериозни преговори со големата ѕвезда Северина Вучковиќ, и иако деталите сеуште не се познати, извесно е дека хрватската дива ќе седне во едно од столчињата.