Тони Михајловски со потресен статус по смртта на неговиот цимер Шишков!

22 декември, 20140
6

Вечерва почина актерот Васил Шишков. Тој е роден 1970 година. Шишков на македонската театарска сцена работи од 1991 година, а има настапувано и во повеќе македонски филмови. Околностите под кои починал актерот Шишков се уште не се познати, оваа информација ја потврдија негови колеги актери.

Васил Шишков најверојатно починал од срцев удар, пишува Press24 повикувајќи се на неофицијални извори.

Срцето на легендарниот македонски актер не издржало. Според информации кои ги добивме од негови пријатели тој починал синоќа околу 18 часот.  Актерската заедница во земјава е во шок. Сите со голема тага и неверување ја примија веста дека Шишков веќе не е меѓу живите.

Шишков (44) беше син на познатиот македонски актер и легенда Ристо Шишков.

Тој глумеше ролји во серијалот Македонски народни приказни, и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.

Еве што напишал Тони за својот колега:

  • Вашиљ, велат дека си заминал од овој свет. Без поздрав бе цимер. Без шанса да ти вратам за добрината што ми ја направи. И знам зошто ми навираат солзите на очи додека го пишувам ова. Како што знаев, кога те гледав како го играш стариот твој во последната претстава, зошто тебе ти навираа и течеа солзите. Ти го земаа на сила, прерано и кукавички, а тебе те гледаа како споменик на нивното предавство. Сега си со него. Со оној кого најмногу го сакаше и кој најмногу те сакал. Со стариот. Поздрави го. Поздрави ги сите наши Вашиљ и почивај во мир бидејќи овде, на овој свет го немаше. Твојот сон да снимиш филм за стариот се надевам дека ќе го отсонува некој што ќе остане. Не знам само зошто додека плачам низ главава ми ечи “Налеј налеј”… Ќе те спомнуваме и паметиме брату, напиша Михајловски.

http://vostip.mk/wp-content/uploads/2014/12/toni_thumb_medium500_318.png

vasil

Ова е последниот статус на Васил Шишков

Последните статуси на Шишков на социјалната мрежа Фејсбук се полни со ентузијазам, но за жал, 44 годишниот актер не дочека да ги оствари своите планови.

  • Ветувам дека сонот на Ѓорѓи Колозов кој не чуваше ќе го исполнам. Одам во МТВ, ќе ги вратам приказните, ќе се гордеете. МТВ е моја куќа по нова година. Шишков Васил, напиша актерот на 15-ти декември.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş