Џастин Тимберлејк открил дека по уште една турнеја, ќе престане да се појавува на истите, за да може да се фокусира на другите работи во живот. Џастин кој инаку глумеше и во филмот “Социјална мрежа“, направи пауза во музичката кариера за да може да се фокусира на снимањето филмови “Bad Teacher” и “Friends With Benefits”. Тој изјавил дека се потешко во иднина ќе го гледаме на турнеи.
На прашањето дали планира да објави уште еден соло албум, пејачот изјавил дека не е сигурен. “ Навистина не знам, неможам да кажам дека нема, но единствено нешто што можам да замислам е дека ќе направам уште една турнеја“, изјавил Џастин.
“Моментално не сум расположен за работа, нема нешто што морам да го направам, сега само треба да ги промовирам филмовите кои треба да стигнат во кино салите.