Улогата на Џошуа во филмот „Животот е убав“ е една од најпотресните кои кога било ги играло едно дете актер.
Италијанскиот актер Џорџо Кантарини е роден на 12 април 1992 години, и со само пет години играше во филмот на Роберто Бенини со тематика од Втората светска војна и германските концентрациони логори во кои завршувале Евреите. Во тој филм Џорџо го остави светот без здив, да се дави во солзи.
Другата голема улога во животот на Џорџо Кантарини беше во филмот „Гладијатор“, на негови осум години.
Младиот актер живее во Фиренца, ја обожава глумата, а се надева дека едне ден ќе стан познат сценарист.