Колку сон ви е потребен според годините?

popara6 февруари, 20151min00
10

Експертите сметаат дека за секоја доба може да се одреди колку сон ви е потребен да се чувствувате одморено.

Количината на сон по која секој треба да се чувствува одморено е варијабилна. Некои велат дека им е доволно да преспијат 6 часа, други велат дека квалитеното спиење трае барем девет часа.

Но, со спиењето се позанимаваа и експертите кои објавија дека за секое лице може да одреди колку сон му е потребен според годините. До сознанието дошол тим од 18 научници и истражувачи од угледни медицински здруженија во САД. Прегледале повеќе од 300 истражувања за тоа колку е идеалното време за спиење, а потоа гласале за тоа колку сон е потребен за различни доба. Еве ги податоците кои ги пренесува Тајм:

1. Новороденче (0-3 месеци) – 14 до 17 часа.
2. Бебе (4-11 месеци) – 12 до 15 часа.
3. Мали деца (1-2 години) – 11 до 14 часа.
4. Предшколска возраст (3-5 години) – 10 до 13 часа.
5. Школска доба (6-13 години) – 9 до 11 часа.
6. Тинејџери (14-17 години) – 8 до 10 часа.
7. Млади (18-25 години) – 7 до 9 часа.
8. Возрасни (26-64 гофини) – 7 до 9 часа.
9. Стари лица (над 65 години) – 7 до 8 часа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma