Храната може да ја користиме и за некои други цели освен за задоволување на потребите од храна. Таа може да се користи и како намирница која ја зголемува желбата за секс.
Во оваа храна спаѓаат некои видови на овошје, зеленчук и јаткасти плодови.
Овошје: од овошјето како особено ефикасни поттикнувачи на сескот се: бананата, авокадото, смоквите. Тие се полни со витамини, ензими кои го поттикнуваат хормонот кој е одговорен за либидото кај мажот и жената.
Зеленчук: морковите, целер, лук (доколку го јадат и дават партнери), домати, лути пиперки, брокула, прокељ… Има толку многу за набројување од оваа група храна. Спремете една вкусна вечера во која ќе може да употребите неколку од овие намирници и по вкусното јадење ќе имате бурна ноќ со сигурност. Од зеленчукот, треба да се напомене дека краставицата има особено големо возбудувачко дејство. Особено нејзиниот мирис.
Јаткасти плодови. Веќе сите знаат дека јаткастите плодови ја зголемуваат желбата за секс, и особено ерекцијата кај мажот. Тие се богати со цинк, состојката која ја регулира ерекцијата. Бадемите се особено богати со овој минерал. Освен нив тука спаѓаат и оревите, фстаците, лешниците, кикириките.
Зачини: ванила, ѓумбир, чили, цимет… и од зачините изборот е голем кога станува збор за храна која ја поттикнува желбата за секс.
Останата храна која го има истото дејство е: каменица- сирова школка, јајца, мед, кофеинот, темната чоколада… Сите овие намирници содржат цинк, и допамин, хормон кој е докажано дека има огромна улога за сексуалната желба.