Во Млечниот пат откриени вселенски “вампири“

popara11 јуни, 20111min00
0564007.48

Во центарот на Млечниот пат научниците за прв пат пронашле таканаречени вселенски “вампири“, ѕвезди кои го цицаат животот на другите ѕвезди и на тој начин се подмладуваат.

Новооткриените ѕвезди се сини скитници, а изгледаат помлади по сини од другите ѕвезди кои ги опкружуваат, а кои настанале во исто време.

Научниците веруваат дека тие се регенерираат и се подмалдуваат со помош на водородот кои го “крадат“ од другите ѕвезди.

Иако овие “канибал“ ѕвезди обично се наоѓаат во густи групи на ѕвезди, сега научниците за прв пат ги откриле во срцето на Млечниот пат, пишува National Geographic.

“Иако веќе долго време имало сомненија дека постојат овие сини скитници, но никој немал идеја за нивниот број. Сега конечно имаме потврда“, изјавил астрономот Вил Кларксон од од Индијана Универзитетот.

“Вампирите“ во Млечниот пат настанале поинаку?

Преку вселенски телескоп Хабл, астрономите истражиле околу 180.000 ѕвезди во центарот на задебелувањето и во неговата близина, па така откриле 42 необично сини ѕвезди кои изгледаат многу помлади од останатите. Тие веруваат дека помеѓу 18 и 37 од нив, би можеле да бидат сини скитници стари повеќе од 10 до 11 милијарди години.

Исто така се верува дека постои можност да сините скитници не настанале во судар со други ѕвезди, туку благодарение на исцицување на водородот од своите ѕвезди соседи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag