Актерката Џесика Бел која со својата убавина отсекогаш го привлекува вниманието на мажите. По неодамнешното прекинување на врската со Џастин Тимберлејк, наводно се зближила со Колин Фарел. “Џесика го обожува неговиот акцент и неговата личност. Потполно го преболе Џастин и се забавува во самотијата, а нејзиното мислење на Колин е одлично, се дружат во текот на снимањата за филмот, а Колин и предложи на Џесика да продолжат да се дружат и после снимањето”, изјавува извор близок на актерите. Неодамна медиумите објавија дека е во врска со Џерард Батлер, а кој од вие шармери всушност ја заведе Џесика, останува времето да покаже.