Порнчаи Саорси од Тајланд, највисокиот човек на светот, починал во својот дом во Сурин на 26 години.
Саорси бил висок 269 сантиметри, а починал во понеделникот во семејната куќа. Во животот пател од различни болести поврзани со необичен раст.
Неодамна поминал осум дена во болница, по што бил пуштен дома. Бил неподвижен, а за него се грижеле таткото Саран (60), мајката Воен (56) и нивната 15-годишна внука.
Воен го пронашла безживотното тело на синот во понеделникот. Се уште не е познато кога ќе биде погребан.