Тренинг за обликување на нозете, задникот и колковите

popara12 ноември, 20151min00
15

Нема жена која не сака да има цврсти и згодни нозе и убаво обликувани облини токму на местата каде што треба.

Сепак, за да се постигне ваков изглед потребно е малку да се придвижите и да вложите одреден напор. Овде ви приложуваме видео со вежби за долниот дел од телото кои можете да ги правите во секоја теретана.

За убаво обликување на долниот дел од телото кај жените нема да биде доволно само џогирање или вежбање јога или пилатес. Потребно е да се вклучат и вежби кои се насочени токму кон овие делови од телото – мускулите на нозете и задникот. Жените сакаат затегнати и цврсти нозе и облини на вистинските места. Но, за ова е потребен сериозен пристап кон вежбањето и посветеност за да се изградат мускулите на соодветните делови и да се зацврсти телото.

Овде имате целосен тренинг за долниот дел од телото кој можете да го правите во секоја теретана.

Ова видео не се препорачува за почетници. Вежбите треба да се изведуваат правилно и континуирано. Придржувајте се на редоследот на вежбите и зададениот број на повторувања. Не треба да имате пауза подолга од 1 минута помеѓу различните серии на вежби, а целиот тренинг трае малку повеќе од еден час. На видеото убаво ви се објаснети сите вежби, така што треба внимателно да го следите. Овој тренинг се препорачува да се изведува 1-2 пати неделно, во комбинација со тренинзи за горниот дел од телото.

Вежби за загревање

1. Хидрант – 4 x 10

2. Истегнување во исчекор – 2 x 30 секунди секоја нога

Главни вежби

1. Страничен чучањ – 4 серии загревања; 3 x 10

2. Ножен потисок – 4 x 12-15

3. Кревање на колковите со шипка – 4 x 10-12

4. Исчекор во одење – 4 x 24

5. Романско мртво кревање – 4 x 12-15

6. Бугарски чучањ – 3 x 10

7. Кревање на стол (Step up) – 3 x 15 секоја нога

ВИДЕО:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag