Течна диета – само за најиздржливите

12 ноември, 20150
16

Познатата течна диета е многу ефикасна и овозможува брзо слабеење за краток временски период. Диетата може да се држи најмногу две недели и за овој период можат да се изгубат од 10 до 15 килограми.

Оваа диета, како и другите диети што доведуваат до брзо губење на тежината не е многу здрава и затоа треба да се држи што е можно пократко време. Со неа брзо се слабее така што ќе ви бидат доволни неколку дена да се ослободите од несаканите килограми, да го прочистите организмот и да се подготвите за внесување помали количини храна во иднина.

Оваа диета е добра затоа што помага да се намали желудникот по обем и по завршувањето на диетата ќе можете полесно да ја контролирате тежината и апетитот. Едноставно нема да ви биде потребно толку храна колку што сте јаделе претходно! Инаку, просечно, во стомакот внесуваме два пати повеќе храна одошто ни е потребно поради што тој се проширува.

Течната диета, како што кажува самото име, подразбира внесување исклучително на течна храна: сокови, супи, млечни производи, растителни чаеви и вода. Вкупната количина на течности што се внесуваат дневно не треба да надминува три литри.

План за исхрана:

9:00 – една чаша чорба од овес
10:00 – една чаша од растителен бујон (бистра исцедена супа)
11:00 – една чаша топла превриена вода
12:00 – една чаша овошен сок разреден со вода, пола-пола
13:00 – една чаша топла превриена вода
14:00 – една чаша млеко
15:00 – една чаша растителен чај без шеќер
16:00 – една чаша месен бујон без сол
17:00 – една чаша топла превриена вода
18:00 – една чаша топла превриена вода
19:00 – една чаша овошен сок разреден со вода, пола-пола
20:00 – една чаша топла превриена вода
21:00 – една чаша кефир (со помалку од 2% маснотии)

Три дена по завршувањето на течната диета

Прв ден: се јаде само варен зеленчук, во мали порции Втор ден: чинија варен зеленчук, заедно со течноста од варениот зеленчук, и едно парче леб, за вечера свежи моркови и зелка Трет ден: се враќате на нормална исхрана, но без мрсна храна и леб.

Кога ќе го вклучите и лебот во исхраната (иако подобро е да го избегнувате!) потрудете се да го ограничите на 2 парчиња дневно.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber